Од Антикорупциска комисија молк по претставката на доктор Идриз Орана што се однесува на доктор Калина Гривчева Старделова која е и претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Според Законот, двете функции се неспоиви зошто претседател на Лекарската комора одговара, меѓудругото, и за работата на јавните здравствени институции. Или, Старделова- претседател на Лекарската комора е одговорна за Старделова- директор на Гастро.
Претставката, доктор Орана ја поднесува кон средината на 2019 година. Тој и покрај барањата да добие информација за претставката од Антикорупциска не добива одговор.
Доктор Орана деновиве повторно се обрати до Комисијата, но нема повратна информација од Комисијата.
Кон крајот на минатата година беше побарано од одреден број делагати, Стаделова да ја одложи седницата на Собранието на Комората. Причината беше тоа што за Старделова има предмет во Антикорупциската комисија за судир на интереси. Но и во тој случај Старделова постапи по свое, односно не ја одложи седницата на Собранието на Лекарската комора.