петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Зафировски: Филипче да ги спроведе мерките за спречување на делта сојот предложени од ВМРО-ДПМНЕ, па потоа слободно нека се фали дека се негови ако така му е полесно

Доктор Зафировски: Филипче да ги спроведе мерките за спречување на делта сојот предложени од ВМРО-ДПМНЕ, па потоа слободно нека се фали дека се негови ако така му е полесно

И покрај огромната бројка на починати од корона во Македонија, Венко Филипче живее во филмот дека спроведувал мерки за заштита на населението, истакна на денешната прес-конференција Доктор Оливер Зафировски, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ефектот од работата на Филипче до сега е скоро 160.000 заразени од Ковид-19 и скоро 6.000 починати. Делта сојот со кој веќе во Македонија претставува опасност да избувне како нов бран на есен и да предизвика големи проблеми. Државите ширум светот спроведуваат ригорозни мерки при влез, а само во Македонија нема никаква контрола.

Со цел да не биде предоцна, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ претставува 15 предлог мерки, со цел спречување од ширење на штетите од делта сојот на КОВИД 19. Филипче наместо да се занимава со други активности основна цел треба да му биде да го заштити здравјето на сите граѓани во Македонија.

Филипче, ако е така по спокоен нека вели дека мерките се негови, но нека ги спроведе.

Предлагаме:

1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;
2. Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;
3. Зголемување на контролата на границите;
4. Достапност на тестирање за Ковид-19 на целото население;
5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при новиот бран на Ковид-19;
6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти заболени со Ковид-19;
7. Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;
8. Мапирање на здравствениот персонал;
9. План за пациентите со останати дијагнози;
10. Мапирање на здравствените капацитети;
11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;
12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;
13. Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;
14. Достапност на лична заштитна опрема ;
15. Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;

Филипче може секој ден да повторува дека направил се, ама фактите го дематираат.

Да го организираше здравствениот систем немаше Македонија да биде на високото 5-то место на светската листа на починати на милион жители, немаше да има вакцинирано само 10 проценти од населението во Македонија.

Филипче само лаже. Лаже дека го организирал здравствениот систем, лаже дека спроведувал мерки, лаже за набавка на вакцини и за што уште не!

Време е да се стави крај на неспособноста на министерот Филипче!, рече Зафировски.

Најнови вести