Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова во 2108 година набавила две луксузни автомобили во вредност речиси од околу 90 илјади евра.
Имено, Димова во 2018 година за потребите на агенцијата набавила два нови автомобили од марката Фолксваген Пасат и Фолсвакен Тигуан во вредност од 45,327 евра, односно 43.576 илјади евра, со што вкупната сума на истите достигнува фантастични 88.903 илјади евра.
Контрадикторно е тоа што додека СДСМ беше во опазиција овие функционери како Димова силно се бунеа и протестираа против тогашната власт за секој вид на набавка, а откако се сместија во удобните фотељи, истите тие функционери заборавија и на сиромаштија и на ветувања и веднаш се одадоа во луксузирање, таков е овој случај со Лидија Димова.
Инаку, изминатите денови во јавноста излезе информацијата за скандалот каде што Димова на фризерница од Ново Лисиче и доделила грант од околу 270 илјади евра, пари на европските даночни обврзници.
Исто така вреди да се напомене дека СДСМ за 3 години потроши 8 милиони евра за луксузни автомобили, кај 70% од набавките сомнеж за фаворизирање, обвинија неодамна од ВМРО-ДПМНЕ.