недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Долги колони чекаат за влез во Грција утрово, од АМСМ велат се чека половина час

Долги колони чекаат за влез во Грција утрово, од АМСМ велат се чека половина час

Надзорната видео камера на граничниот премин Богородица покажува дека долги колони возила чекаат за излез од Македонија на пат за Грција. Според АМСМ, времето за чекање на најфрекфентните премини Богородица и Табановце за влез и излез изнесува околу половина час.

Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, делницата денеска ќе биде затворена за сообраќај до 18 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести