вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доналд Туск во вторник во Скопје

Доналд Туск во вторник во Скопје

Во пресрет на одлуката за добивање датум за почеток на преговорите со Унијата во октомври, во вторник во посета на Македонија ќе допатува претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тој ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а по разговорите ќе одржат и заедничка прес конференција.

Утре пак во Брисел на средба со шефицата на европската дипломатија ќе отпатува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој ќе ја реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.

Најнови вести