Јован Донев, универзитетски професор и поранешен амбасадор во Лондон во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за нон-пејперот кој денеска беше објавен и што е договорено помеѓу македонскaта и бугарската страна.
-Прво од македонската страна знаејќи кој бил во Берлин и кој ги дава инструкциите македонската страна ќе прифати се што може, што ќе и се чини дека може да го продаде на македонскта јавност како успех на македонскта дипломатија. Немојте да мислите дека македонската страна ќе заземе своја страна, своја позицијата, таква позиција не видовме, не видовме 4 години од оваа влада по ниедно прашање. Така да дали македонскиот јазик е кодициран 45 година или покасно, тоа е само една добра обланда за да Зоран Заев и министерот за надворешни да кажат ние победивме и тука нема ништо друго. Јас не очекувам дека Македонија излегла со некој предлог, истакна Донев во своето гостување.