недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Донев: Не очекувајте МНР да реагира за случајот со Еди Рама и Шар Планина

Донев: Не очекувајте МНР да реагира за случајот со Еди Рама и Шар Планина

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Јован Донев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за фотографијата каде Еди Рама со слика од македонска Лешница, Шар Планина ја промовира Албанија и посочи дека и да немаше извинување од страна на кабинетот на Еди Рама, МНР ќе молчеше.

-Ова што го направи Еди Рама може да се толкува и како провокација, барем последното што го слушнав е дека портпаралот на Еди Рама се извинил зошто имале исто место со нас и би требало тоа да го прифатиме. Но, треба да се видат следните потези дека може да е провокација, да се опипа терен и да се види како ќе реагираат македонските органи и која стратегија ќе ја применат понатаму, така да треба да се биде претпазлив секогаш кога се во прашање такви намерни или ненамерни грешки. Ова треба да се запамти, да не се заборави, да се има во превид дека е направена грешка и да видиме дали ќе има следна грешка, истакна Донев.

Имено тој посочи дека Министерството за надворешни работи предводено од Бујар Османи нема да испрати протесна нота и да немаше извинување ќе молчеа.

-Не очекувајте од нашето МНР да испрати протесна нота и да немаше извинување ќе молчеа. Ќе се задоволеа со изјавата дека кабинетот на Заев го контактирал кабинетот на Еди Рама и тука ќе завршеше приказната, додаде Донев.

Најнови вести