Премиерот Заев излага и вели сега ќе се помириме. Прво без никого да навредам повторно морам да кажам зборови за да биде јасно што сакам да кажам. Не верувам дека ниту премиерот Заев, ниту членовите на парламентарната комисија за помирување знаат што значи помирување, нагласи професорот Јован Донев, при гостување на емисија „Само Вистина“.
Донев образложува дека помирувањето е многу сериозен процес.
-Национално помирување е исклучително тежок и сложен процес. Тоа не се прави вака. Вие не можете да се помирите преку ноќ. Погледајте ја Шпанија со сериозна политика на помирување меѓу левицата и десницата во Шпанија, после Франко. Они се уште имаат проблеми. Тие немаат појма што зборуваат. Се договориле дајте ми ги гласовите, ние вам помилување. И тука завршува приказната. Да се спасат 8 души и се добие 2/3 мнозинство во парламентот, појасни Донев.