сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доживотни осуденици преку подземен тунел планирале бегство од „Идризово“ (ВИДЕО)

Доживотни осуденици преку подземен тунел планирале бегство од „Идризово“ (ВИДЕО)

Неколкумина затвореници кои биле осудени до крајот на животот да се затворени зад решетки во затворот во Идризово ископале тунел за да излезат на слобода. Планот им го попрачиле лица кои на полицијата и кажале дека се подготвува бегство од најголемиот затвор во државава. Копале под земја, за да излезат на слобода, а темните делови биле осветлувани со кабли и светилки. Кој им помогнал и како успеале да ископаат долг тунел, а никој да не забележи, иако има затворки чувари кои од висина го следат секое движење, треба да одговорат надлежните. Одговор треба да се даде и на тоа дали и кој ќе одговара за ова филмско сценарио на кое најмлаку 8 осудени лица се надевале дека ќе им го донесе светлото на денот и дека ќе ги спаси од решетки. Настанот го потврдија од МВР, а објавени се и фотографии и видео од тунелот. Но, наместо да им донесе слобода, сега оние кои се вмешани во бегството се соочуваат со нови пријави за сторено кривично дело.

„Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово. Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите“, соопшти МВР.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го разреши досегашниот директор на затворот во Идризово Шпенд Тахири и дека на негово место е именуван генерал-мајор, Зоран Јовановски. Ковачевски го претстави Јовановски како висок професионалец со богата кариера во Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести