Одлуката на Владата за замрзнување на цените на свежите домати, краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони, се почитува, соопшти Државен пазарен инспекторат, по извршените контроли во продавниците и маркетите низ земјава.
Инспекторите денеска извршиле над 250 контроли и надзори и забележале само две прекршувања, за што дополнително ќе бидат издадени соодветни прекршочни платни налози.
Од контролите е заклучено дека производите се продаваат по цени во согласност со владината одлука и се достапни во продавниците и маркетите низ земјава. Инспекторите се и понатаму на терен и продлжуваат со контролите, соопштија од ДПИ.