среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Шопова: После ваквите предлог мерки од релевантни институции во кои членуваат мои колеги, не сакам ни да помислам што може да се случи

Д-р Шопова: После ваквите предлог мерки од релевантни институции во кои членуваат мои колеги, не сакам ни да помислам што може да се случи

Ако сите овие мерки кои беа превземени за НАШЕ ДОБРО преку ноќ ги повлекуваме, тогаш се наметнуваат многу прашања, на кои за жал наместо да одговорат ПРОФЕСИОНАЛЦИ , одговорите ќе ни ги даде времето…, реагира преку Фејсбук др. Жаклина Сопова од Клиникат за инфективни болести.

-Ако досега си дозволував да поделам некој превентивен совет кон сите Вас како лекар, после ваквите предлог мерки од релевантни институции во кои членуваат мои колеги, не сакам ни да помислам што може да се случи со СИТЕ НАС , ..а се прашувам зошто секогаш ако си професионалец треба да потпаднеш под нечие влијание, под нечие барање….Точно е дека ова трае можеби подолго отколку што треба , и на СИТЕ НАС И ВАС ни недостасува она што го имавме пред ова. Ако сите овие мерки кои беа превземени за НАШЕ ДОБРО преку ноќ ги повлекуваме , тогаш се наметнуваат многу прашања ,на кои за жал наместо да одговорат ПРОФЕСИОНАЛЦИ , одговорите ќе ни ги даде времето… а јас ќе продолжам да делувам како лекар кога се работи за здравјето, пишува во својата објава на Фејсбук др. Сопова.

Најнови вести