Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМЕ Драган Цуклев денеска од собраниската говорница во расправата за ребаланс на буџетот кажа дека Владата има катастрофално ниво на реализација на капиталните инвестиции што е поразително .
„Овој буџет го испланира оваа Влада ама со ребалансот треба да се има во предвид дека ништо не е реализирано односно имаме катастрофално ниво на реализација капиталните инвестиции и секаде имаме намaлување“, кажа Цуклев.
Имено, Цуклев истакна дека има само раст кај купување на нови служени возила од страна на Владата.