Драмски театар соопшти дека во соработка со други институции ја подготвува комеморацијата за големиот Горан Стефановски.
-Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Р. Македонија. Драмски театар Скопје, подготвува и серија настани со кои ќе се обидеме да доловиме бар сегмент од неговото творештво. Ќе бидат опфатени повеќе сегменти како изложба на фотографии од неговите претстави, интервјуа со Горан Стефановски, прикажување на снимки од театарски претстави, драматуршки разговори/работилници „Дебармаало и Горан“…, се вели во соопштението.
Распоредот на настаните ќе биде објавен следната недела.