среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Другата страна на приказната: МРТВ земала кредит според закон, се друго е политички притисок

Другата страна на приказната: МРТВ земала кредит според закон, се друго е политички притисок

Веќе две години гледаме досега незабележана серија истраги, кривични пријави и притисоци врз новинари и медиуми откако е формирана владата предводена од СДСМ, меѓу другото и врз актуелното раководство на МРТВ предводено од директорот Марјан Цветковски за да поднесе оставка. Смената е важна за власта заради нивна контрола и над јавниот сервис. Не можат да го сменат директорот кој има законска заштита и затоа во континуитет протисоците се редат еден по друг со намера тој сам да поднесе оставка и да си замине, анализира Вечер.мк.

Денес Финансиската полиција на прес конференција објави дека поднесува кривична пријава против директорот на МРТВ Марјан Цветковски затоа што МРТВ земале кредит од 150 милиони денари за да платат стари долгови во износ од околу 140 милиони денари. Притоа, се наведува, директорот имал вина и се терети за проневера на тие два милиони евра платени долгови на МРТВ. Основот за пријавата е дека кредитот е земен со залог на имот на МРТВ без согласност на Собранието кое, во име на државата, го претставува сопственикот на тој јавен сервис.

Што велат документите и аргументите на другата страна, на МРТВ и сегашното раководство.

Кредитот за кој станува збор е земен во 2015 година, и во целост е употребен за враќање стари долгови од причина што сметката на МРТВ била блокирана и јавниот сервис не можел да функционира. Што значи, не бил во можност да ја извршува задачата заради која е формиран. За намерата да се земе кредит по модел кој е применет писмено е информирано министерството за финансии од каде не се добиени никакви насоки за ограничувања на намерата кредитот да биде реализиран.

Второ, околу надлежностите на Собранието кое, според Финасиска полиција, требало да даде согласност за кредитот. За другите јавни претпријатија кои се во сопственост на државата јасно е назначено дека за ставање во залог на нивниот имот треба да се бара согласност од основачот, во случајов Собранието. Во однос на МРТВ во Законот стои дека Собранието има надлежност само во избор и смена на директор и прифаќање или отфрлање на финансиски извештај на МРТВ. Таму стои дека работата на МРТВ се утврдува со ПОСЕБЕН ЗАКОН, што значи дека МРТВ работи според посебен закон – Закон за аудиовизуелни услуги и во член 129 стои дека Надзорниот одбор на МРТВ дава согласност за финансиски план на МРТ и дава согласност за задолжувања и кредити. Таква Одлука со одобрение за подигање на овој кредит Надзорниот одбор донел на 30.07.2015 со што можело непречено да се пристапи кон подигање на кредитот со Договор од 18.09.2015 година.

Надзорниот одбор во МРТВ го бира Собранието и преку нив Собранието е директно присутно во контрола над работата на МРТВ. Кредитот не е тајно реализитан, тоа е збир на јавно достапни докумнети. Помеѓу останатото кредитот е презентиран и во финансиските извештаи на МРТВ пред Собранието на Република Македонија за работењето во 2015 година и Собранието немало забелешки околу реализацијата на овој кредит во насока на пријавата на Финансиската полиција.

Ова се документите и аргументите, а понатаму целиот случај е во рацете на Јавното обвинителство кое треба да спроведе истрага. Дали и овој случај е нарачка на владеачката СДСМ на сила да се смени директорот на МРТВ ќе се види многу брзо, според ставовите и чекорите на Јавното обвинителство.

Притисоците на власта врз медиуми, уредници и новинари веќе се собрани, документирани и доставени до надлежните европски институции од страна на Македонската асоцијација МАН. Според докумнетираните факти Македонија е на врвот со кривични пријави, истраги, обвиненија и пресуди против медиуми, уредници и новинари. Дупло повеќе од европскиот просек!

Само во овој период се водат постапки против повеќе од 50 медиуми, уредници и новинари од страна на СЈО и ОЈО, што според бројот на жители и медуми е далеку повеќе и од држави кои се сметаат за општества без медиумска слобода како Турција, Египет, Молдавија или Грузија.

Најнови вести