Даниела од велешко е мајка на 4 деца. Две се здрави две се болни. Едното има епилепсија и тоа дијагностицирана второто има даунов синдром. Но таа не е од оние кои се предава и моли за парче леб или некоја пара.
Сопругот работи но плата добива со задоцнување. Таа работи како надничар собира сезонски производи но сепак поголемиот дел о денот мора да е дома со децата или по болници собира куп документи само за да обезбеди еден лек.
Лекот е потребен за детето со епилепсија за кое дури и снимањето на магнетна резонанца било на приватен трошок бидеќи требало да се чека ред со месеци. Сега комисија од болница Козле треба да одлучи дали нејзиниот 10 годишен син ќе добие можност да зема лек кој ќе го плати државата а чини околу 4 000 денари месечно или Даниела и понатаму грчевито сама ќе се бори.
Целиот текст и ВИДЕО почитајте го и погледнете го ТУКА.