четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Државата преку донациите од граѓаните ќе ја спасува економијата

Државата преку донациите од граѓаните ќе ја спасува економијата

Средствата кои граѓаните и фирмите ќе ги уплаќаат на сметката отворена за донација Владата ќе ги користи за поддршка на економијата, односно за финансиска поддршка на компаните или со други зборови со средствата кои граѓаните ќе ги уплаќаат како донации владата ќе го купува мирот помеѓу стопанствениците.

Ова го предвидува текстот на одлуката која е влезена во владина процедура, а која предвидува средствата кои граѓаните ќе ги уплатат како донација да се користат за финансиска подршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза.

Доколку власта ја усвои оваа одлука наместо државата да најде средства и да помогне на граѓаните и бизнисот, состојбата ќе биде спротивна: граѓаните ќе ги помагаат компаниите за полесно да ја пребродат кризата.

Имајќи го предвид ова се поставува прашањето дали власта се обидува на грбот на граѓаните да завршат сите економски мерки кои владата ги подготвува и промовира. Дали владата нема капацитет со сопствени сили да се избори за помош на економијата. Дали мирот помеѓу стопанствениците сепак ќе заврши на товар на граѓаните.

Во сите европски земји државата наоѓа начин да ги поддржи граѓаните и компаниите, но во нашиот случај државата наоѓа начин како граѓаните да ја поддржат државата и таа помош и поддршка да заврши во бизнис секторот.

Најнови вести