Денеска македонската јавност беше сведок на насилие, физичка пресметка и недоличен речник во Собранието од страна на претседателот на КЕП, Арбр Адеми кон пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Наместо да го осуди ваквото насилничко однесување, државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири застана во одбрана на насилството и ваквото скандалозно однесување го поддржа преку Фејсбук статус во кој напиша дека пратеникот Милошоски нарекувајќи го антиалбанец заслужувал повеќе и дека секој кој што ќе се обиде да ги омаловажува Албанците, новите генерации на Албанци ќе им ги скршат нозете и рацете.
– Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири и додаде емотикон со тупаница.