понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Државниот врв се откажа од Гоце Делчев, Заев почна да ги исполнува бугарските барања за историјата и идентитетот?

Државниот врв се откажа од Гоце Делчев, Заев почна да ги исполнува бугарските барања за историјата и идентитетот?

Дали власта веќе се откажа од Гоце Делчев во спорот со Бугарија? Дали можеби акциониот план кој толку го кријат од јавноста започнува токму со исполнување на бугарскиот услов за Гоце Делчев?

Вчера на 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, премиерот Зоран Заев не се појави во дворот на црквата „Св. Спас“ да оддаде почит пред гробот на најголемиот македонски херој. Но, не само премиерот, туку немаше никој од високото раководство на владата.

Покрај премиер, генерален секретар, вицепремиери и министри, единствено се појави Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, и тоа сам да положи цвеќе на гробот на Делчев. Не се појави ниту претседателот Стево Пендаровски, кој неверојатно не најде време ни барем да напише два-три зборови на денот на раѓање на Гоце Делчев. Звучи неверојатно, но е вистина.

Никој од високото раководство на државата не одвои време да го одбележи денот на раѓање на човекот врз кој се темели македонската борба за државност и самостојност и човекот кој беше главниот организатор на Македонската револуционерна организација.

Гоце Делчев е и човекот на кого се повикуваа македонските партизани во Втората светска војна кога го кренаа Народното ослободително востание, затоа што одредот кој го изврши нападот врз бугарскиот полициски участок во Прилеп на 11 октомври 1941 година се викаше токму Гоце Делчев.

Можеби затоа и не се појави никој од високото раководство на СДСМ, од каде наместо некој од петте потпретседатели, заменикот претседател Шекеринска, а ниту генералниот секретар Николовски, испратија претседателка на општинска организација Карпош.

Тотално игнорирање на ликот и делото на Делчев, како да станува збор за некоја неважна личност од историјата, а не најголемата. Личноста на која се темели македонскиот идентитет и македонската држава.

Тука со право се поставува прашањето, дали власта се откажа од Делчев и спорот со Бугарија е причината поради која не оддадоа соодветна почит кон него? Знаеме кое е барањето на Бугарија, да се признае дека Гоце Делчев и целиот илинденски период и припаѓаат на Бугарија, но не само тоа, туку се до 1944 година, што значи и откажување од Народното ослободително востание кое се повика на него.

Се уште никој не знае што содржи фамозниот акционен план кој владата се обврза да го соопшти. Го кријат како најголема тајна, а не нешто што е од суштинско значење за државата и за кое јавноста има право да знае. Дали можеби првата точка за исполнување е токму Гоце Делчев и затоа го кријат, а и затоа повеќе не го почитуваат неговото лик и дело?

Тоа се логични прашања кои власта мора да ги одговори, затоа што тоа прашање значи македонски идентитет кој не смееме да го загубиме.

Најнови вести