Во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува 130. 009, објавуваат од Државмиот завод за статистика.
-Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина, велат од заводот.
Од таму додаваат дека самопопишувањето не е обврска – тоа е должност кон татковината и кон сопствените корени.