среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДС: Ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД е сериозна опомена против политичката мафија

ДС: Ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД е сериозна опомена против политичката мафија

Демократскиот сојуз апелира дека ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД е „сериозна опомена против политичката мафија“ која владее со Македонија и против која никој не се осмелува да започне системска „војна“ сѐ до нејзино искоренување.

Државата ни е во колапс, партизацијата и неподготвеноста да се изградат независни институции надвор од партиските влијанија и центрите на моќ, го суспендира владењето на правото и законитоста -велат од партијата.

Тие велат дека лидерите на овој октопот ја уништуваат и надежта на младите.

Потребен ни е генерален ремонт на државата, но тој процес ќе потрае сѐ до следните парламентарни и претседателски избори и донесување на нов Устав на Македонија. Инаку, Уставот го гуши демократскиот развој и одговорноста, како предуслови за државата да се движи напред – додаваат од ДС.

Партијата итно го повика Собранието да го донесе Законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со што, како што велат тие, ќе започне жестока борба и справување со криминалот што го прават функционерите.

Демократски сојуз потсетува дека овој закон пред неколку дена, во првата фаза го поддржаа пратениците од сите партии.

Наместо министрите да се чудат за тоа како Мерко се нашол на црната листа, да погледнат околу себе и да видат дека се бетер од Мерко и да се повлечат од функциите, а не еуфорично да ги повикуваат институциите да делуваат, кои во суштина се блокирани од самите нив – заклучија од партијата.

Најнови вести