На директорката на Клиничката болница во Битола и е наложено да обезбеди адекаватна просторија за починати пациенти или да ја прошири моргата која ќе одговори на потребите, по инспекцискиот надзор што го изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако во медиумите беше споделено видео дека во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфуција и има починати.
Директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова вели дека веќе се поставени и паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот чвор што со претходно решение бил забранет за употреба.
ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.
-Тоа е делот од тријажниот центар каде се лекуваат и примаат терапија пациенти кои се надомашно лекување суспектни на Ковид. Случката е на 22 во 16.30 часот кога во болницата имајќи го предвид билетнот од претходниот ден, за жал, во битолската болница има вкупно 13 егзитирани пациенти, капацитеот на моргата која ја имаат за сместување на починати пациенти е четворица. Заради динамиката на подигање на телата, секако се во склоп со законските протоколи после колку време може да бидат подигнати телата, има недостиг од простор. На директорката и е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата која ќе одговори на потребите. Во однос на изолираноста на пацинетите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми почитувајќи ги правата за приватност од Закон за права на пацинети, изјави Бухова.
Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно хигиенските услови, а по реакците за состојбата на санитарен чвор. ДСЗИ, појасни Бухова, уште минатата година има издадено решение за тој санитарен чвор и е забранет за употреба и со решение е наложена негова реконструкција. Тој дел од болницата пред почеток на пандемиските услови беше планиран за комплетно реновирање и пременување во геријатриски центар, но заради напливот на пациенти овој дел од болницата е отворен за употреба, освен санитарниот чвор. Во моментов е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање, рече Бухова, одговарајќи на новинарски прашања по средбата на инспкеторите од ДСЗИ со вицепремиерот Љупчо Николовски.