Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ѝ одговори на обвинувањата на Специјалната болница ПЗУ „Моја болница – Свети Лазар – Санте Плус“ велејќи дека немаат намера да рушат нечија репутација.
-Во врска со обвинувањата од страна на Специјалната болница ПЗУ Моја болница-Св.Лазар-Санте Плус, објавени на медиумите и интернет порталите ја инфомира јавноста дека постапувањата на Инспекторатот се исклучиво согласно закон и законските надлежности.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги отфрла како манипулативни обвиненијата дека има за цел да ја наруши репутацијата на приватната болница.
ДСЗИ нема намера да нарушува ничија репутација, но сигурно и понатаму ќе ја врши својата должност пропишана со закон.
Реакциите со кои се коментираат соопштенијата и постапувањето на ДСЗИ и претставувањето дека некој е оштетен и жртва, ги сметаме за вршење директен притисок врз работата на Инспекторатот. Со оглед дека се уште не е за завршен инспекцискиот надзор како и стручниот надзор, би замолиле за воздржување од произволни коментари и притоа напоменуваме дека ништо нема да влијае на утврдувањето на фактичката состојба, а кое е во интерес на сите граѓани. Истовремено ја информираме јавноста дека ДСЗИ нема понатаму преку медиумите да полемизира во врска со предметот, туку по завршување на надзорот од страна на ДСЗИ како и по завршување на работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на министерот за здравство, ќе излезе со конечна изјава во врска со случајот, се вели во соопштението на ДСЗИ.