Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.
– Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!”, напиша вицепремиерот Османи.
Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска, по што ќе се донесе соодветна одлука.
Благодарение на желбите на ДУИ, слично на оние на СДСМ кои инсистираа на брзи избори па ги укинаа мерките – резултатите ги знаете, дали Македонија повторно ќе биде ковид-жртва на нечии изборни интереси.
Интереси, кои по правило – на 10-ти план го ставаат здравјето на граѓаните…