Адвокатот Сашо Дукоски на денешните завршни зборови потсети на врските кои ги имал Зоран Милески Кичеец со актуелни политичари и оти Обвинителството поминало лесно преку тоа. Тој се надева дека овој факт ќе го земе во предвид при носењето на пресудата.
„Сите видовме како Кичеец е во друштво на познат адвокат и со братот на еден врвен политичар. И тоа помина така“ повтори Дукоски.
Според Дукоски незамисливо е во една модерна правна држава да се води ваков процес.
„Немаше никакви докази и аргументи и јавната обцинителка каже на повисок тон и оти треба да не убеди. Што видовме, праша адвокатот Сашо Дукоски на денешните завршни зборови на случајот Рекет.
Тој смета дека јавното обвинителство со многу политика го водеше случајот и повеќе се водеше на народот да му даде “леб и игри” отколку докази.
„Видовме снимка од цели пет секунди во која еден од обвинетите носи торба лесно како перце Се покажуваше таа фамозна торба. Ако е тоа доказ“ -изјави Дукоски.
Тој вели дека Боки се гони за трошење на пари во период кога воопшто не се водела постапка како што е случај во 2017 година.
„Како може да пуштил во промет пари кога не била почната постапка. На тој начин може да биде осуден и за убиството на Кенеди“, рече Дукоски.
Тој рече дека е скандалозно што од него се кријат докази кои ги има обвинителството и оти му се јавувале луѓе да му ги продадат изјавите на обвинетиот Зоран Милески – Кичеец, кои и онака му следуваат.
„Јас не знам каква е оваа опсесија од криење докази“, праша Дукоски.