Адвокатот на екс министерот за внатрешни, Митко Чавков, Сашо Дуковски во гостувањето во емисијата Отворено на телевизија Алфа истакна дека пресудата за 27 април ќе падне на меѓународните судови, напоменувајќи уште еднаш дека во случајот нема ниту д од дело. Тој вели дека ова што се случува во Македонија го нема ни во Бурунди, односно дека селективна амнестија нема ниту во Африка, констатирајќи дека тоа е правен нонсенс.
-Спомнавте меѓународните судови, дали ќе падне пресудата на меѓународните судови и воопшто, што ќе мисли меѓународната јавност. Јас ќе поставам јавно едно прашање. Дали негде во светот со голема почит кон демократската држава во Африка Бурунди. Јас сметам дека ни во Бурунди нема селективна амнестија. Повторувам нема ни во Бурунди, селективна амнестија. Не може да има селективна амнестија, тоа е правен нонсенс, глупост и будалаштина. Значи не може некој да биде еднаков, а некој да биде поеднаков од еднаквите. Член 9 од Уставот на Република Македонија кажува дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. Е како тоа сите се еднакви пред Уставот и законите и некој добива амнестија, некој не добива амнестија, прашува Дуковски?