понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дуковски: Поединци се плашат од пораки во телефонот на Боки 13

Дуковски: Поединци се плашат од пораки во телефонот на Боки 13

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во Кривичниот суд рече дека дел од информациите кои ги имало во неговиот телефон, ги нема во дискот што го добил од МВР. Ова во судот го потврди и компјутерски експерт ангажиран од одбраната. Адвокатот на Боки13, Сашко Дуковски рече дека поединци се плашат од пораките кои ги имал Боки 13 во неговиот телефон.

„Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на „Whatsapp“. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие? Како ние ќе ја утврдуваме фактичката состојба во овој конкретен предмет“, вели Дуковски.

Најнови вести