Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во Апелација истакна дека неговиот клиент е во загрижувачка здравствена состојба, и дека секој ден повраќа поради проблеми со желудникот, објавува ТВ 21.
„Еве командирите од затворската полиција може да потврдат дека секој ден е нпсен на торахална хирургија каде прима терапија. Има две неуспешни операции. Овој човек нема желудник. Секоја храна му се враќа, секој ден повраќа. Неопходна е хоспитализација. Тој не може да биде третиран со општ лекар во затворот во Шутка”, рече адвокатот Сашо Дуковски на јавната седница во Апелација на која се бара укинување на мерката притвот за Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот “Рекет.