недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дурловски: Ќе овозможиме младите да останат во државата и да го остварат своето човечко право да живеат во неа

Дурловски: Ќе овозможиме младите да останат во државата и да го остварат своето човечко право да живеат во  неа

Игор Дурловски, носител на изборна единица 5 при денешното свое обраќање во Демир Хисар пред граѓаните посочи дека пред него се граѓани кои се убедени дека на 15 јули ќе победи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија.

-Сите овие три години работите кои ни се случуваа, газењето на идентитет на македонецот се работи кои што не само што не направија да се чувствуваме исплашени, лошо, туку направија да голем дел од граѓаните чувствуваат дека не можат работите да ги земат во свои раце и дека не можат ништо да променат. Во последниот период гледаме дека тоа не е веќе така, туку гледаме дека на противникот му се ближи крајот, гледа дека на 15 јули ние ќе ги земеме работите во свои раце. Јас многу долго размислував дали да влезам во ова работа, но со самото тоа што гледам дека во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаме луѓе со интегритет, со чест, достоинство сум сигурен дека мојата одлука е исправна. Сигурен затоа што нас не ни останува ништо друго освен да ги засукаме ракавите и од 16 јули да работиме не само на обнова на Македонија, туку обнова на нашето македонско национално достоинство. Сте знаете дека ние сме македонци од Македонија, тоа право никој не може и не смее да ни го земе, истакна Дурловски.

Тој во своето обраќање потсети дена пред три години се ветувало многу како ветување за правна држава, за модерен здравствен систем, за квалитетно образование, инфраструктура, на земјоделците се ветуваше многу, но денеска тие се празни ветувања.

Јас би сакал да издвојам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се грижи за земјоделците со тоа што ќе имаме секоја година поголем број на субвенции, да младите имаат подобри услови да не размислуваат да си заминат надвор туку тука да може да си го остварат своето човечко право да живеат во сопствената татковина, но да се чувствуваат горди затоа што на чесен начин ќе си го заработат своето парче леб, истакна Дурловски.

Носителот на изборната единица 5 порача дека на 15 јули сите да заокружат број 14 затоа што само тоа е спас да може да се зачува тоа достоинство што ни остана, а после тоа чекор по чекор да градиме македонци со исправена кичма, луѓе горди на својата татковина.

Најнови вести