Го слушам Костадин денеска на прес конференција и не знам како може гласноговорникот на партијата која ја приватизираше Македонија, партијата на Заеви, кои вртат милиони, а земаат државна помош како да се зависни од неа, партијата на Анѓушев, со милионскиот бизнис, Шекеринска со десетиците станови, и многу други од нивен калибар, како зборува за имоти. Еве збор два и за тоа, пишува Игор Дурловски.
„Земјиштето кое што јас со уште 5 други лица го имам купено е пасиште, земја од 6 та категорија. Не се работи за плац во струмичката касарна чија цена достигнува и до неколку стотици илјади евра, ниту станува збор за погон со марихуана. Тоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. Се што сум заработил сум вложил тука и за разлика од тебе и твоите наредбодавци парите за истото ги имам стекнато на чесен начин со работа, труд и дваесетгодишно живеење и претставување на Македонија насекаде низ светот. П.С. Лево на фотографиите е мојот пат до успехот а десно на Костадин “војводата”-напиша тој.