среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дурловски: Пред три години знаев дека на Македонија ќе и се случи национално понижување

Дурловски: Пред три години знаев дека на Македонија ќе и се случи национално понижување

Бев директор на Македонската опера и балет која е една од најголемите институции и универзитетски професор, пренесував искуство, но предизвик ми беше граѓанскиот активизам. Граѓанскиот активизам на некој начин за мене беше повисока цел, можев да се делувам на повеќе луѓе. Воедно тогаш и се надзираше тоа што последниве три години и се случи на Македонија, а тоа не национално понижување, рече Игор Дурловски, носител на листата на кандидати за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во изборна единица 5 на гостувањето на телевизија Алфа.

-На моите настапи за време на протестите предупредував дека ќе се случат националните понижувања. Горд сум што сите ние што бевме во таа приказна ги предвидовме случувањата, рече Дурловски.

Тој се осврна и на настаните кога беше во притвор.

-Ноември 2017 година полицијата дојде во мојот дом и завршив во Шутка, а јас сум човек израснат во средина каде патриотизмот е водилка се сака татковината и не се очекува од неа да ви врати нешто. Кога ме пуштија во домашен притвор ми беше потешко зошто останатите беа затвор. Јас сум човек кој се трудел да ја прикаже, и сега го правам тоа, државата во најдобро светло, а ме обвинуваа дека сум работел против неа, рече Дурловски.

Кога човек е затворен, а е сигурен дека не направил ништо, посочи Дурловски, многу му е полесно.

-Знаев дека еден ден ќе излезам, никој нема можност да ме скрши зошто сум на вистинската страна. Без разлика каде ќе ве стават треба достоинствено и гордо да стоите зад својот став, а тоа беа тешки моменти, рече Дурловски.

Тој додаде „убеден сум дека самиот обвинител акт за 27 април е политичка конструкција, зошто не е нормално да обвините луѓе кои ја сакаат својата државата дека работа против неа“.

-Изненаден сум и од амнестијата, Законот за амнестија кој предвидуваше селекција некој да биде амнестиран, некој не, рече Дурловски.

Најнови вести