понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Душата на Фијат Цаноски многу повредна од таа на Вице Заев: Само за нанесена болка бара 16 милиони евра од државата

Душата на Фијат Цаноски многу повредна од таа на Вице Заев: Само за нанесена болка бара 16 милиони евра од државата

За разлика од Вице Заев кој својата душевна болка ја процени на 500 евра, сопственикот на Космос, својата душевна болка ја проценил на 16 милиони евра.

Вакво побарување изнел Фијат Цаноски на рочиштето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на објектот Космос.

Цановски очекува овие пари да му ги исплати државата. Освен побарувањето за душевна болка, Цаноски побарува уште 23 милиони евра материјална штета и дополнителни 900.000 евра за наводна штета на опрема во негова сопственост. Целокупното побарување на Цаноски од државата достигнува астрономски 40 милиони евра, објави ЛИДЕР.

На денешното рочиште по предметот ТНТ се случи и недоразбирање околу Законот за јазици кое може да доведе до дополнителна конфузија во предметот со оглед на фактот што албанскиот јазик е мајчин јазик на обвинителот од СЈО.

Со стапување во сила на Законот за јазици, обвинителот Бурим Рустеми има право да ја води постапката и на албански јазик. Тоа не се случи на денешното рочиште со образложение од СЈО дека законот се уште не бил стапен на сила, иако истиот вчера беше објавен спротивно на уставот и законите, без потпис на Претседателот Иванов.

Најнови вести