петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дваесетина компании од гостиварскиот регион се претставија на Бизнис саем

Дваесетина компании од гостиварскиот регион се претставија на Бизнис саем

Во спортската сала „Младост“ во Гостивар, викендов се одржа Бизнис саем на производители, проследен со и бизнис-форум.

На саемот во организација на маркетинг и менаџмент агенцијата „Еуростеп“ од Скопје, во соработка и со поддршка на Општина Гостивар се претставија дваесетина компании од гостиварското подрачје и од регионот.

-Целта на саемот, пред сè, е да може да се претстават сите заинтересирани правни лица пред посетителите, но и меѓусебно да се запознаат со цел остварување на потенцијални договори, соработки и слично, поради што сите учесници се рангирани врз основа на нивните дејности, нивните првични производи и услуги коишто ги нудат, рече Андријана Коруновска, координатор за маркетинг и менаџмент кампањи.

Настанот свечено го отвори заменик-градоначалникот на Гостивар, Намик Дурмиши, а во негови рамки имаше и културно-забавна програма.

Најнови вести