недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дванаесетти ден од бојкотот на машиновозачите, очекуваат исплата на вториот дел од платата за февруари

Дванаесетти ден од бојкотот на машиновозачите, очекуваат исплата на вториот дел од платата за февруари

Машинскиот и помошниот персонал во Железници на РСМ Транспорт, којшто е во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај веќе 12 дена, денеска очекува исплата на вториот дел од платата за февруари.

Тони Димовски, претседател на Синдикат на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека вчера имале средба со раководството на железничкото претпријатие и оти им било речено дека ќе има исплата до 15 часот.

Од почетокот на бојкотот на 31-ви минатиот месец во 12 часот досега, потсетува, не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови.

– До вчера требаше да се исплатат и патните трошоци за март, но тоа не се случи, изјави Димовски, појаснувајќи дека бојкотот е организиран самоиницијативно и оти машинскиот и помошниот персонал е на работа но не ги извршуваме работните задачи.

Во барањата на машиновозачите е и зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари испратиле барање до министерствата за транспрот и врски, и за финансии и до Владата.

Најнови вести