петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ОД ГРОМ ВО ОХРИД – ова се првите неофицијални детали

ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ОД ГРОМ ВО ОХРИД – ова се првите неофицијални детали

Две лица се пренесени во болница, откако биле повредени по удар од гром, објави А1он.мк.

Порталот пишува дека градот бил зафатен со силно невреме, а настанот се случил на плажата „Оревче“ во близина на кампот „Градиште“ во Охрид.

Неофицијално, станува збор за две лица од Ресен и Битола кои се пренесени во Медицинскиот центар во Охрид.

Според информациите на порталот, едното лице имало изгореница на ногата, додека пак другото проблеми со слухот.

Најнови вести