Во последното интервју министерот за надворешни работи, Бујар Османи, меѓу другото призна дека доколку дојде до посета на Лавров на Белград, одржувањето на средбата „Отворен Балкан” во Охрид, ќе биде доведено во прашање. Со или без свест, Османи призна дека кога станува збор за Русија, Вучиќ и српската политика не даваат приоритет на регионалните иницијативи.
Прашањето е што прави земја на НАТО, како Северна Македонија, во иницијатива каде главен лидер е Србија-една од ретките земји што ги остави вратите отворени за Русија, кога целиот свет ја осудува руската агресија во Украина. Ова е уште еден доказ дека „Отворен Балкан” без Косово признато од Србија како независна и суверена држава, нема никакво значење како регионална организација.
Движењето БЕСА го потврдува ставот дека секоја иницијатива за обединувачка организација во регионот, треба да биде иницирана од Северна Македонија, Албанија и Косово, како држави кои покрај економското обединување имаат и јасна прозападна ориентација, која за жал недостасува во Србија, која продолжува со братските односи со Русија.