среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двојната игра излегува на виделина- Фрчкоски професор на Академијата на Владимир Путин

Двојната игра излегува на виделина- Фрчкоски професор на Академијата на Владимир Путин

Двојната игра излегува на виделина, имено професорот Љубомир Фрчкоски бил визитинг професор на Академијата на Владимир Путин.

Проф.д-р Љубомир Фрчкоски во период од 15 мај до 3 јуни 2018 година бил во својство на визитинг професор на РАНЕПА, Руска Претседателска Академија за Национална економија и Јавна администрација во Москва, Руска Федерација одржува серија предавања.

Толку беше од „поддршката“ на „братска“ Русија за името- Лавров во друштво на Коѕијас го поздрави договорот

На позитивните пораки на првите луѓе на Европската Унија, Обединетите Нации, Стејт Департментот, попладнево се придодаде и Русија, со што пропадна митот за наводното руско влијание во Македонија, кое наводно било блиско со опозициски структури и кое наводно се залагало против промена на името на државата, со цел да се спречи влез на Македонија во НАТО и евроинтеграција.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во друштво на Никос Коѕијас го поздрави договорот и изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави, пренесе Спутник од Белград.

– Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна подршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков, изјави Лавров на прес-конференцијата во Москва со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Од своја страна, Коѕијас истакна дека надворешната политика на Грција е активна, демократска и повеќепланска. Според него, под овие услови, грчката влада го реши овој проблем со цел да се стави крај на долгогодишниот спор околу името.

Инаку, дел од јавноста во Македонија која е настроена против промена на уставното име на државава, веруваше дека токму Русија е алтернатива за Евроатланските интеграции и ќе не поддржи во намерата да го зачуваме името и идентитетот на државата. Сепак, „поддршката“ на „братска“ Русија, се покажа само како ветер и магла.

Најнови вести