Двојните стандарди на СДСМ веќе станаа суштински дел на нивната стратегијата на владеење. Зоран Заев и СДСМ како да имаат луѓе во државата кои им се мили бидејќи гласале за нив или ги поддржуваат и оние другите кои не ги поддржуваат па, не им прават ќеиф и затоа не им се мили. Па според тие аршини, некои лица можат да добијат прекршочна или кривична пријава, додека други лица кои сториле исто такво дело да не добијат ни укор. Променливите ставови на власта во однос на повеќе случаеви во кои СДСМ еднаш се залага за една работа, а потоа ги менува ставовите е и за добивање на политички бенефиции. Таков беше случајот со изборите во Штип кога се славеше со групирања, во време кога Македонија рушеше црни рекорди во починати и новозаболени лица со коронавирусот, додека обичните граѓани се казнуваат доколку бидат повеќе од четворица. Што значи дека на симпатизерите и членовите на СДСМ закон не им може ништо.
Истото се случи и во Орман кога Зоран Заев и Оливер Спасовски удрија по граѓаните кои присуствуваа на традиционалниот бадникарски оган, покажувајќи сила на обичен народ.
-Замислете беа брутално и насилно апсени граѓани од селото Орман на бадникарски оган, а кога функционерите на СДСМ славеа во Штип пред неколку дена, со оркестри, со софри, без дистанци и без маски немаше никаква реакција на институциите, реагираше на прес конференција од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста ги виде двојните аршини на СДСМ и Зоран Заев и кога властите не преземаа ништо во врска со дивеењето во Македонскиот народен театар кога навивачката група „Шверцери“ прославуваше 30 годишнина од своето постоење. Заев тогаш потврди дека навивачката група на фудбалскиот клуб Шкупи направила штета од речиси 4 илјади евра во театарот каде наместо културни настани се случуваше буквално хулиганство. Од друга страна пак како пример за „Насилството во Центар“ за скршен прозорец судот со години малтретира обвинети луѓе, а дел од нив имаат и здравствени проблеми.
Јавноста беше фрапирана од случајот кога вработена во МТСП, која доби отказ, поради политички став на фејсбук. Но, никаде ја нема одговорноста и професионалната администрација на Град Скопје да го казни Влатко Васиљ, кој во работно време наместо да си ја работи работата за која е платен од парите на граѓаните пишува на фејсбук. И додека едни се шиканираат и бркаат од работа други се наградуваат и добиваат повластици.
Двојните аршини и лицемерието на СДСМ се покажаа на дело и во периодот кога се формираше техничката влада. Иако стануваше збор за привремена влада со рок на траење од само стотина дена, СДСМ веднаш реагираше на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, технички министер за внатрешни работи да биде армиски офицер Драган Ковачки. Сепак, министерката Дескоска не реагираше за истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник.
Двојните стандарди на СДСМ јавноста ги виде на дело и кога нападот врз новинарот Љупче Златев тежеше помалку од нападот врз новинарката Милка Смилевска. На протест кој беше организиран од ВМРО-ДПМНЕ, против поскапувањето на електричната енергија, беше турнат микрофонот на новинарката Милка Смилевска од Ал Џезира, случај за кој веднаш реагираше МВР и го приведе напаѓачот. Но, кога беше нападнат и новинарот Љупче Златев кој важи за критички настроен кон власта, СДСМ тогаш не се јави со осуда.
Последното нешто што ја згрози јавноста е немилиот настан на Вевчанскиот карневал, на кој Заев и Спасовски уште рано наутро ја испратија ЕБР за да разбијат било какво групирање на граѓани, наводно да не дојде до ширење на коронавирусот. Додека пак, следниот ден во ски-центарот Нижеполе вриеше луѓе како во кошница и ретко кој од скијачите носеше заштитна маска но, полицијата на Спасовски не реагираше, иако тоа може да претставува потенцијален кластер кој потоа ќе се рашири кон повеќе градови.