сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДВОЈНИТЕ АРШИНИ НА ВЛАСТА: Спасовски тврди дека протестот бил вандализам, додека зад него стоеше заменик директорот на БЈБ кој ослободи криминалец

ДВОЈНИТЕ АРШИНИ НА ВЛАСТА: Спасовски тврди дека протестот бил вандализам, додека зад него стоеше заменик директорот на БЈБ кој ослободи криминалец

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најостро ги осуди синоќешните настани пред Собранието, кога 47 полицајци беа повредени од кои двајца потешко.

Синоќешните настани тој ги окарактеризира како вандализам, посочувајќи дека протест е демократско право, упатувајќи порака до политичките партии дека не смеат да организираат насилни протести и насилно уривање на власта.

Додека Спасовски утрово ја даваше својата изјава зад него се најде и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани кој во месец мај беше вмешан во скандал во скопската населба Чаир.

Имено на видеото објавено тогаш се гледа пукање кон полициски службеници и како Асани пристигнува на местото, а потоа врши притисок криминалецот кој пукаше кон полицијата да биде ослободен.

По кратката расправија криминалецот беше ослободен со помош на Асани кој денеска стоеше зад Спасовски кој апсурдно пред очите на јавноста тврди дека вчерашниот протест е вандализам, додека пред неговите очи пред два месеци замиже пред голем скандал.

Најнови вести