Двојно е намален водостојот на Пчиња во однос на септемврискиот просек, а намалени се и нивоата на Вардар кај Јегуновце, Крива Река и Брегалница кај Берово, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Околу септемврискиот просек, но со благо зголемување, се водостоите на реките Вардар кај Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, како и на Црна Река и на Црн Дрим, кaј кого се забележува најголемо зголемување на нивото од 24 сантиметри во споредба со просекот за септември.
Кај езерата нема поголеми промени во споредба со септемврискиот просек.