четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Двојно пониска излезност на референдумот до 15 часот во однос на претходните избори (ФОТО)

Двојно пониска излезност на референдумот до 15 часот во однос на претходните избори (ФОТО)

Двојно пониска е излезноста на денешниот референдум во однос на парламентарните избори во 2014 и 2016 и локалните избори 2017 година.

За споредба во 2014 година излезноста во 15 часот изнесувала 42,09%, на предвремените парламентарни избори во 2016-та година била 47,39%, додека на локалните избори во 2017-та година излезноста била 38,13%. Заклучно до 15 часот денеска гласале 334.075 избирачи, а претворено во проценти тоа е околу 23,00 проценти.

Драстична разлика во излезноста има и во Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани.

 

Најнови вести