Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, напиша бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, посочувајќи дека нема две нации или два народи.
-Јас сум во градот Гоце Делчев, чие старо име е Неврокоп, пред споменикот на Георги Николов Делчев. Тука сум да објаснам категорично неколку факти кои станаа јасни по непоканeтата посета на премиерот на РСМ, Зоран Заев. Со месеци, овој човек формира коалиции против Бугарија во Западна Европа. Тој се обидуваше да ја понижи нашата земја, да бара сојузници за да изврши притисок врз Бугарија и да ја натера да ја смени својата фер позиција во врска со почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Заев дојде во Софија да побара отстапки и да се обиде да ги прикрие грешките што ги направил предизвикани од неговиот нечесен став“, пишува во текстот што го објави Џамбаски.
Тој смета дека политичките противници во Бугарија сакаат да направат национално предавство.
-Уште по необјасниво и нејасно е однесувањето на т.н. демократи од ‘Демократска Бугарија’, кои на секој начин се обидуваат да им докажат на своите плаќачи од голем број западни амбасади и да извршат национално предавство. Ова треба да се знае. Скоро не остана бугарска политичка сила, освен нас, за заштита на бугарскиот државен интерес. Едно нешто мора да биде јасно: кој и да попушти и изврши национално предавство, веднаш ќе биде казнет од бугарскиот народ. Македонија е една, таа е бугарска и од двете страни на вештачката граница живее една нација“, додава европратеникот.