Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по којзнае кој пат има свој коментар и критика за случувањата во Македонија.
Сега тврди дека на пописот во нашата земја Бугарите биле репресирани.
-Пребројувањето во Македонија започна со репресии кон оние кои одлучиле да се запишат како Бугари. Наместо ултиматум кон Бугарија, Европската унија треба да ја задолжи Македонија да ги почитува човековите права, напиша Џамбаски на Твитер, при што го „тагна“ премиерот Зоран Заев.
🚨Преброяването в Северна #Македония🇲🇰 започна с #репресии към решилите да се пишат като българи.
➡️Вместо ултиматуми към #България🇧🇬, #ЕС🇪🇺 да задължи #РСМ да спазва човешките #права! @Zoran_Zaev
ℹhttps://t.co/pWj02WzoP9 pic.twitter.com/yxzf7Bja4n— Джамбазки (@djambazki) September 7, 2021