понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џемаили ја презеде функцијата министер без ресор од Шапуриќ

Џемаили ја презеде функцијата министер без ресор од Шапуриќ

Новиот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили денеска ја презеде функцијата министер без ресор од Зоран Шапуриќ кој беше на должност од јуни 2017 година.

На средбата, информират од Кабинетот на Џемаили, се разговараше за инвестициската клима, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и за предизвиците на домашната економија.

-Моето дејствување како министер задолжен за домашните компании ќе биде во насока на остварување на мисијата на Владата за еднаков третман на домашните и странските компании, како и давање на систематска финансиска помош на компаниите со цел зголемување на домашното производство и нови

вработувања. Сигурен сум дека со реализирање на економскиот план на Владата ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се придонесе за задржување на работниците на домашниот пазар, истакна министерот Џемаили.

Ќе се заложам, додаде, за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните бизниси како и нивно меѓусебно вмрежување.

-Со влегувањето на Северна Македонија во НАТО очекувам уште поголем раст и раздвижување на домашната економија, потенцира Џемаили.

Најнови вести