Точно е дека амбасадорот Џес Бејли упати писмо и беше побарано да ја споделам содржината со колегите и тоа го направив на колегиум, но ете излезе информацијата и во јавност, рече Иван Џолев прв човек на Кривичниот суд гостувајќи на Телевизија 24.
-Амбасадорот во писмото ја истакнува соработката и заложбите на амбасадата на САД за незвисно судство, за владење на правото и најголем дел се однесува на тоа. Точно е дека има само една реченица во која изразува загриженост бидејќи имало луѓе не од судот, луѓе кои шпекулираат дека одредени судии своите одлуки ги носеле врз влијание еве конкретно од САД амбасада. И тоа треба да се провери ако навистина некој судија учествувал во такво нешто, ако и тој пласирал такви информации. Треба да истражува и судскиот совет, но тоа е само една реченица, рече Џолев.
Тој потенцирше дека не стои дека судиите носат одлуки, туку дека тоа е некое лице кое тврди дека некои судии постапуваат врз основа на влијание.
-Комуницирав со амбасадата и побарав писмото да се објави и тоа ќе го направиме утре, ќе биде во целост објавено на интернет страната на Кривичен суд, рече Џолев.