вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ЕasyJet“ влегува на македонскиот пазар, авиолинија Женева-Скопје три пати неделно

„ЕasyJet“ влегува на македонскиот пазар, авиолинија Женева-Скопје три пати неделно

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок.

Од ТАВ Македонија денеска информираа дека станува збор за сезонска авиолинија од 1 ноември до 25 март следната година.

– Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари за авиобилет во една насока, информираат од ТАВ Македонија.

Новата сезонска авионска линија, како што велат од Изиџет, ќе им овозможи на граѓаните да ги посетат своите семејства и пријателите или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Од ТАВ Македонија се задоволни што авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања.

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.

Најнови вести