четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еден час чекање на „Табановце“ за влез во Македонија

Еден час чекање на „Табановце“ за влез во Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести