четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕДЕН ЧАС ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ – овој граничен премин во Македонија во целосен колапс, колони возила чекаат да влезат или излезат од земјава

ЕДЕН ЧАС ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ – овој граничен премин во Македонија во целосен колапс, колони возила чекаат да влезат или излезат од земјава
Архива

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести