петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Единаесетте сведоци на одбраната во „Тенк“ пет часа даваа искази во суд: Набавката на мерцедесот била неопходна

Единаесетте сведоци на одбраната во „Тенк“ пет часа даваа искази во суд: Набавката на мерцедесот била неопходна

Единаесетте сведоци на одбраната во случајот „Тенк“ денеска пет часа даваа искази во Кривичниот суд.

Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности.

Сведокот Данчо Петров, кој бил член на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека стариот „мерцедес“ често се расипувал, му откажувале сопирачките, му се блокирал воланот и тоа во движење.

– Имаше една случка кога воланот на возилото се блокираше кај Американската резиденција и возачот за да запре удри во ограда од куќа при што биле искршени 3-4 столчиња. За среќа тогаш во возилото не беше премиерот, рече сведокот Петров.

На прашање од обвинителот од СЈО Стевчо Донев дали новиот „мерцедес“ бил набавен за странски делегации, Петров рече дека бил за странски делегации и дека тоа го дознал на прес-конференцијата кога бил набавен новиот „мерцедес“. Рече и дека ретко го користел Груевски евентуално кога бил во дефект стариот „мерцедес“ или, пак, за патување во соседните земји.

Ново рочиште е закажано за понеделник 23 април кога треба да сведочат нови сведоци, меѓу кои и Дејан Митревски – Урко.

Најнови вести