среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Единствената преживеана од семејството Поцеста живее во страв: До каде е истрагата за трикратното убиство во Дебар?

Единствената преживеана од семејството Поцеста живее во страв: До каде е истрагата за трикратното убиство во Дебар?

Молк од надлежните институции и ниту еден нов детаљ помалку од два месеци по монструозното трикратно убиство во Дебар, анализира Фактор.

Сите сомнежи за убиството на сопрузите Поцеста и нивната најмала ќерка се фрлени врз нивната најстара ќерка. Мотивите уште не се разјаснети.

До каде е истрагата?

Новина може да се прочита само кај италијанските медиуми. Последни пишувања за случајот кој ја потресе околината на Дебар и се запиша како еден од најужасните во историјата на државата е дека единствената сестра која остана од ова семејство Мукадес Поцеста не се вратила во Италија. Таа останала да живее во Македонија во страв и со полициска придружба.

Двокатната куќа во гратчето Тренто остана празна и напуштена, каде што до последните денови од август живееше семејството без очигледни проблеми. Мукадес Поцеста, е сестрата на осомничената Блерта Поцеста, која живее во страв и полициска придружба. Внатре стои само автомобилот кој го возела Мукадес, пишуваат италијански медиуми.

Најнови вести