Едмонд Темелко по четврти пат ќе влезе во трка за градоначалничката фотелја за општината Пустец во Албанија. Албанската централна изборна комисија ја верификуваше денеска неговата кандидатура.
Тој е актуелен градоначалник на оваа општина. Темелко е предложен од македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.